18 Април, 2024
0.0238

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА ТУРЧИНОТ КОЈ ГО УСМРТИ ШАБАН ШАУЛИЌ - рекорден број барања за акредитации од германските медиуми, сопругата очекува максимална казна

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Речиси три години од сообраќајната несреќа во која недалеку од Билефелд загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди, целиот случај ќе добие судски епилог.

Рочиштето на кое Турчинот Алсин Левент првпат ќе биде изведен пред лицето на правдата е закажано за 20 јануари, на Свети Јован, инаку крштевка на неговата сопруга Гордана.

Целото семејство Шаулиќ ќе оди во Германија за да присуствува на судењето, кое веќе предизвикува голем интерес во јавноста, до тој степен што до судот пристигнале рекорден број барања за акредитација на претставници на германски и медиуми од околните земји.

Ова ќе биде првпат семејството да се сретне лице в лице со човекот кој го уби Шабан, а Гордана Шаулиќ за сето ова рече:

„Веруваме во судот во Германија и се надеваме на максимална казна, но колку и да е осуден, ништо не може да ни ги врати сопругот, таткото и дедото Шабан или да ја намали тагата и болката што ја чувствуваме. Двете семејства се завиени во црно и вечно ќе живеат со него“, изјави вдовицата на Шабан.

Германец со турско потекло, роден во Гитерслоу, е обвинет за двојно убиство од невнимание, нанесување телесна повреда од невнимание, како и опасни дејствија во сообраќајот и возење без возачка дозвола. Според Окружниот суд, тој се изјаснил за виновен.

Да потсетиме, Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ починаа на 17 февруари 2019 година, откако вечерта пред трагедијата настапија во Германија. Спасувачките екипи биле известени за несреќата утрото во 6 часот и 50 минути. До 9 часот и 30 минути патот бил непрооден, бидејќи пожарникарите два часа извлекувале четворица повредени од искршените автомобили, пренесува Телеграф.

Како што подоцна било утврдено, Алсин Левент на денот на несреќата возел без возачка дозвола, а бил и пијан кога со автомобил „мазда 6“ на патот А2 кај Гитерслох направил тешка сообраќајна несреќа. Како што е утврдено, Левент возел со брзина од 160 км/ч, на место каде што тогаш било дозволено да се вози 80 км/ч.

Извор: Блиоц.рс

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод