Подал рака и министерот Филипче, сепак Елизабета чека и на хуманоста на граѓаните
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020
Елизабета Бабунска има само 42 години и потреба за донации поради лекувањето кое планира да го продолжи во Турција. Нејзе и бил дијагностициран рак на желудникот, а на интервенција потоа желудникот бил и отстранет. Сепак се утврдило дека има и метастази, па затоа има потреба од дополнително лекување.
Елизабета има две деца, Лина која има 8,5 години и Јаков кој има четири години. Двете особено ќерката која е поголема често прашувала дали мама ќе оздрави. Бети ја раскажува целата приказна за ММС и повикува граѓаните да донираат. Целата работа и паѓа многу тешко, но бара помош само за да продолжи да се грижи за нејзините мали.
Вели дека за целиот овој период има поддршка од сите, најмногу од сопругот Ивица.
За случајот дознал и министерот Венко Филипче, кој понудил се што можел во рамки на нашиот здравствен систем. Меѓу луѓето кои донирале бил и градоначалникот Петре Шилегов. Сeпак битката, Бети сака да ја продолжи во клиниката во Турција каде и давaат надеж.
Начините на донации се