20 Април, 2024
0.0251

Подигнувајте готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава со American Express Point картичка

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка во текот на месец јули им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава.

Имено, корисниците на картичката во текот на месецот јули ќе можат покрај од постојната мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка, да подигнуваат пари без провизија и трошоци и од целата мрежа на банкомати на НЛБ Банка во земјава.

“Во месец јули на нашите клиенти корисници на American Express Point дебитната картичка им овозможуваме да подигнуваат готовина без провизија на целата мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка. Со ова, на нашите клиенти им е достапна најголемата мрежа на банкомати во земјава за подигнување на пари, со што значително се заштедува во време при пронаоѓањето на најблискиот банкомат од нивното опкружување. Оваа поволност се надеваме дека ќе биде одлично прифатена од постојните клиенти, како и од сите граѓани кои размислуваат во иднина да станат корисиници на картичката на која ќе можат да ја примаат својата плата и да користат дозволено пречекорување на сметката. Ова е само еден од новите проекти поврзани во делот на картично работење кои ги планираме за ова лето, додека за останатите проекти кои наскоро ќе ги објавиме, јавноста ќе биде соодветно информирана”, велат од банката.

American Express Point e дебитна картичка поврзана со транскациската сметка на корисниците. Картичката е единствена дебитна картичка со која се добива загарантиран поврат на средства од 1% при сите направени купувања во земјава, како и можност за поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај трговците партнери во “Твој бонус” програмата на American Express. Аплицирањето за картичката е бесплатно и се врши единствено со документ за лична идентификација.

Повеќе информации за картичката може да добиете во експозитурите на банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3203-555.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга