Поднесена е кривична против Димова, Златковски и двајца соработници од Агенцијата
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020
Кривична пријава „заработи“ Лидија Димова која раководеше со Националната агенција, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.
Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.
Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.
Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“.