19 Април, 2024
0.0258

Подобра бизнис клима во Македонија преку реформи во секторот туризам и угостителство

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска, 11.12.2018 година, Стопанската комора на Македонија и другите партнери на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, одржаа Форум за стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за подобрување на бизнис климата во Македонија преку поттикнување на клучни реформи во секторот туризам и угостителство. Главниот фокус беше ставен на потребата од воведување категоризација и лиценци на угостителските објекти преку овозможување соодветен начин за регулирање на нелојалната конкуренција и поддршкa од државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел Македонија да стане атрактивна туристичка дестинација.

„Туризмот и угостителството се многу важни сектори во земјата и имаат огромен потенцијал за раст. Нивниот развој може да ја зајакне економијата, да го поттикне растот на руралните региони, го оживува природното и културното наследство, ја зголемува меѓународната препознатливост на Македонија и привлекува странски инвестиции, како и приходи од туризам. Исто така, има потенцијал да создаде стотици работни места, особено за младите“ – рече, Едвард Гонзалес, директор на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија.

Овој сектор се соочува со уникатни предизвици на глобалниот пазар и бара специфични барања за квалификација, на кои е потребно навремено да се работи и да се адресираат соодветни решенија.

„Активно работиме на премостување на проблемите и предизвиците со кои компаниите во Македонија се соочуваат секојдневно. Денес сме тука како одговор на потребите на компаниите за подобрување на квалитетот на стандардите, лиценците и категоризацијата на угостителските објекти и регулирање на нелојалната конкуренција, како и потребата од квалитетна работна сила, со цел компаниите да бидат поконкурентни на пазарот“, изјави  ДаниелаМихајловскаВасилевска, координаторнаДирекцијаназдруженијаирегионалникомори и на Здружението на туризмот и угостителството при Стопанската комора на Македонија. „Потребна е сеопфатна стратегија за развој на туризмот и угостителството и правна рамка за регулирање на овој сектор која може да се подобри со иницијативи и предлози кои произлегуваат од приватниот сектор“,додаде Љубомир Димовски, директор на „ЕПИЦЕНТАРИнтернационал“.

На Форумот присуствуваа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, како и домашни експерти кои споделија свои искуства со предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство, како и за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија. Овој форум е можност за учесниците да најдат решенија за подобрување на регулативите за туристичкиот и угостителскиот сектор.

По Форумот, коморите ќе ги сумираат решенијата во позициони документи и ќе ги претстават на министерот за економија и вицепремиерот за економски прашања на следниот состанок на Комисијата за јавно- приватен дијалог.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година