19 Април, 2024
0.0399

Подобри услови и зголемување на минималната плата побараа текстилните работнички од Штип

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Подобри услови за работа но и зголемување на минималната плата денеска од протестот во Штип побараа текстилците.

Работничките од најслабо платениот сектор во државата излегоа на протест по барањата на Кластерот за текстил од Штип кој пред двесеттина дена побараа зголемување на работното време за половина час.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ – Штип вели дека и покрај тоа што се уште постои страв кај дел од работниците, сепак е задоволна што денеска излегоа на протест и јавно си ги кажаа маките во овој сектор.


– Време е и работниците да се појават да го кренат својот глас и конечно да кажат дека условите во коишто работат, платата што ја земаат несоодвествува на нивниот труд. Триесет години беа робови, лоши услови за работа, со ниски плати, а наспроти тоа работодавачите бараат уште поголем скратување на нивните права. Денеска се собраа и еве да кажеме Стоп за нивните барања и да почнат повеќе да го ценат работникот и да им ја платат платат којашто ја заработуваат, вели Ампева.

Уранија Пировка од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека последните четири години има поголема свесност кај работниците за да ги кажат своите проблеми, но и да си ги заштитат правата. Смета дека поддршката што им ја дале заедно со „Гласен Тестилец“ работите ги сменија на терен, а работниците станаа многу похрабри.


-Кај нас сега стигнуваат многу повеќе барања и претставки, пријавуваат кога им се прекршени правата. Мислам дека раздвижувањето им е забележително. Меѓутоа таа борба мора да биде уште поенергична од нивна страна. Ние секогаш ќе бидеме тука да им ја дадеме поддршката, но потребно е и тие самите таа битка да ја извојуваат и да бидат многу погласни, рече Пировска.

Бројот на претставките од страна на работниците за кршење на работничките права е зголемен за 100 отсто во споредба од пред четири години, а исто така трудовиот инспекторат многу повеќе работи на терен и постапуваат по претставките.

Неколку стотини работнички од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево денеска беа дел од протестот во Штип. Поголем дел од нив се на возраст од над 50 години. Штипските текстилни работнички оценуваат дека условите за работа не им се лоши, но се против зголемување на работното време, враќање на нормата, како и да се скратат празниците.

Организаторите најавија дека по Штип, текстилните работници не само од источниот регион најавуваат и протест во Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите