20 Април, 2024
0.0261

Подољак: Украина нема да даде ништо за да го спаси лицето на Путин

Објавено во: Свет 17 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Киев и Москва потврдија дека преговорите се суспендирани. 

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Руденко кажа дека засега нема преговори меѓу двете земји. Вели дека Киев не дал одговор на рускиот нацрт-договор. Руденко кажа дека украинската страна „се обидува да ги замагли одредбите кои се веќе договорени во претходните фази“ од преговорите.

„Украина, всушност, се повлече од преговарачкиот процес“, рече тој. 
Подоцна, Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, ја потврди информацијата за пауза во преговорите.

„Процесот на преговори меѓу Украина и Руската Федерација е прекинат. Сепак, ќе биде обновен и, ми се чини, Зеленски ќе биде модератор“, рече Подољак. 

Вели дека Украина нема да даде ништо „за да го спаси лицето на Путин“, затоа што „општеството платило огромна цена“. Последната рунда преговори се одржа во Истанбул на почетокот на април. 

Русија на 24 февруари ја нападна Украина, а руските сили сега ја имаат под контрола и челичарницата Азовстал во градот Марипол, каде украинските борци долго време пружаа отпор. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека овие луѓе им се потребни живи, и веројатно ќе бидат разменети. 

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато