28 Март, 2024
0.0331

ПОЕФИКАСНА И ПОБРЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА, ПОБАРА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ОД ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОД УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Даночната администрација се’ уште се движи во рамките на просечноста, има простор за поедноставување и поевтинување на административните процедури. Во делот на царинските формалности се бара олеснување на царинските процедури, кратење на времето за царинење, брз и слободен проток на стоките и услугите - ова е само дел од резултатите од истражувањето спроведено од Стопанската комора на Македонија кај 270 компании, од кои 153 компании од различни стопански дејности, одговориле на прашалникот. Целта на анкетниот прашалник беше да се добијат информации и сознанија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, во насока на заеднички придонес во современите процеси на поедноставување, модернизирање и хармонизирање на царинските и даночните постапки. Во таа насока следуваше и организацијата  на денешниот работен состанок со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески,  поздравувајќи ги присутните на денешниот работен состанок, посочи дека овие две институции се значајни партнери на компаниите и дека е потребно да се гради меѓусебен  деловен однос. Сепак, потенцираше Азески, постои разлика меѓу двете страни бидејќи за бизнисот значаен сегмент е брзината, а кај администрацијата, бавноста во работењето.

-Резултатите од спроведената анкета претставуваат основа за градење на заеднички ставови во насока за надминување на отворените прашања на бизнис-заедницата на ова поле, за што од страна на Стопанската комора на Македонија ќе се преземат конкретни активности во периодот кој следува, - истакна претседателот Азески. Поради тоа, во иднина ќе работиме на креирање ставови на задоволство и во интерес на двете страни. 

На состанокот беа презентирани резултатите од истражувањето со цел да се добијат информации и сознанија за предизвиците со кои се соочуваат компаниите  во тековното работење, во насока на заеднички придонес во современите процеси на поедноставување, модернизирање и хармонизирање на царинските и даночните постапки.

Укажувањата на компаниите сублимирани во конкретни заклучоци се:

-Системот е-Даноци претставува големо олеснување за компаниите, но потребно е негово надградување и усовршување со намалување на трошоците, како и надградување на мерките на даночната инспекција кон компаниите во насока „советодавната“ и „едукативната“ мерка. Се забележува дека е присутна селективност на даночната администрација кон компаниите во спроведувањето на даночните формалности. Само 20% од компаниите остваруваат директен контакт „лице влице“  со УЈП во поглед на појаснувања за обврските кои произлегуваат од даночните прописи. Да се искорени праксата зачестените контроли да се спроведуваат постојано на исти компании и раководни лица. - 52% од компаниите сметаат дека пропишаните казни во даночната сфера се премногу високи и нереални и речи сите дале идентичен предлог - казните треба да се намалат двојно, - посочи м-р Анета Трајковска, директор на Дирекцијата на други форми на организирање и работење во Стопанската комора на Македонија. 

Во делот на царинските процедури, компаниите согласно анкетниот прашалник одговориле дека се бара да се подобри функционалноста на царинските системи (Асикуда, Ексим, НЦТС) за да се подобри протокот и достапноста на информациите по службена должност, да се пристапи кон мрежна поврзаност на сите надлежни институции вклучени во процесот на царинење (Царина, УЈП, инспекциските служби, банките, Централниот регистар, Основен суд, ПИОМ и др.), вклучувајќи ги и самите гранични премини. Не помалку важно е и протокот на информации да оди по службена должност и да се обезбеди доставување на целокупната документација во електронска форма и електронска обработка на податоци. За бизнис секторот од големо значење е да тече процесот на инфраструктурно подобрување на граничните премини, вклучувајќи го и зголемувањето на бројот на увозно-извозни ленти, да се подобри професионалниот однос и стручноста на вработените, преку соодветни обуки, а Агенцијата за храна и ветеринарство да се врати на царинските терминали како внатрешна инспекција.

Се оценува дека постои координираност меѓу царинските и инспекциските служби, но истата не е ефикасна на ниво на кое би требало да биде, односно е премногу бавна. Квалитетот на стручното знаење на царинските службеници е со висока оцена, но со порака дека процесот на нивно надградување и остручување треба да продолжи. Дури половина од анкетираните фирми потврдиле дека процесот на „поедноставените царински постапки“ е се’ уште на незадоволително ниво, - објасни Трајковска во презентацијата.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, рече дека даночната институција е отворена за даночните обврзници, притоа ги посочи новините и активностите на кои се работи во моментов и информираше дека се работи на текстот за персоналниот данок на доход кој ќе почне да се применува од 2019 година за воведување на прогресивното оданочување, како и на активности за повратот на ДДВ кај граѓаните.

Директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски, најави дека голем број од дозволите кои досега им биле потребни на компаниите нема да им требаат и дека со цел олеснување на движењето на стоките на граничните премини ќе почне заедничкото царинење со Србија, а се работи и за заедничко царинење со Албанија и со Косово. Според него, големо олеснување ќе биде и воведувањето на овластен економски оператор на компаниите. Тој најави дека се подготвува и нов закон за акцизи кој ќе предвидува нов начин на пресметка на акцизите при увозот на енергенсите.

Златко Ветеровски, помошник-директор на Секторот за царински систем во  Царинската управа на Република Македонија, зборуваше за предизвиците со кои Македонија како дел од регионот на Западен Балкан ќе се соочи како резултат на фактот за формирање на Регионална економска област, што значи дека регионот до 2023 година треба да функционира без царини меѓу земјите од Западен Балкан, за Договорот за олеснување на трговијата и за предизвиците по БРЕГЗИТ, односно  можностите и начините за тргување со Велика Британија по нејзиното излегување од Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира