Добивај вести на Viber
Векна леб во Србија од први август ќе биде поевтина за 2,5 динари и нејзината максимална цена ќе изнесува 46 динари (околу 0,4 евра), изјавил за Танјуг претседателот на унијата на пекари Зоран Пралица.
Тој после состанокот со министерот за внатрешна и надворешна трговија Расим Љаиќ на кој е постигнат договот за поевтинување на лебот рекол дека поефтинувањето на лебот доаѓа после детални калкулации.
„Ние во последно време гледавме како се одвива пазарот, го следевме цените на струјата и горивата во последните 10 месеци“, изјавил Пралица, додавајќи дека во предвид го имале и падот на цената на пченицата, а со самото тоа и на брашното.
Максмилната цена на основниот тип на леб „сава“ од бело брашно тип 500, по актуелната владина уредба изнесува 48,5 динари. (114 динари = 1 евро).