24 Април, 2024
0.0291

ПОЕВТИНИ КРЕДИТИ: Дали банкарите ќе го послушаат гувернерот Богов?

Објавено во: Економија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Добро е што Народната банка направи потег за олабавување на монетарната политика, но кредитниот ризик сеуште не е намален, имаме пораст на нефункционалните кредити, што е еден факторите кои го условуваат намалувањето на каматите – коментираат за “Фактор“ дел од банкарите откако Народната банка објави дека ќе ја олабави монетарната политика. Целта на НБМ е да се дестимиулираат банкарите за пасивен пласман на ливидноста. Со оглед на вкупната политичко-економска состојба, дел од нив се резерва ги примаат ваквите сигнали .

Пониски камати за најскапите кредити?

Законски измени што ги тангираат адвокатите, нотарите, раст на нефункционалните кредити се уште присутни политички ризици. Освен од монетарната политика, кредитирањето зависи и од други фактори, кои во моментов не навестуваат можност за поголеми промени во каматната политика, велат дел од банкарите. Сметаат дека е добро што НБМ направи потег за олабавување на монетараната политика, но допрва ќе прават анализи како ќе постапат во однос на сигналите што се адресирани до нив.

“Сега за сега не планираме корекција на каматите, најпрво ќе направиме анализи. Ние законски сме обврзани два пати годишно да ги корегираме каматите, зборувам за максималните камати, еднаш во јануари, еднаш во јуни. Ако до јуни се заджат пониските каматни стапки на благајничките записи, ќе се намалат каматите за најскапите кредити, тоа се претежно денарските кредити за население и за фирми. Исто така е можно да се намали и законската затезна камата, но други корекции во надолна линија не би требало да има“ - вели Владимир Ефтимоски, директор на Стопанска банка-Битола.

Дел од економистите сметаат дека со потегот на гувернерот Богов, за олабавување на монетарната политика, се праќа јасен сигнал до банкарите да го зголемат кредитирањето, пред се на стопанството но и да ги намалат каматите.

“Овие мерки на НБМ, во големата слика, треба да се во насока на зголемување на економскиот раст преку стимулирање на кредитирањето за фирмите и за граѓаните. Дефинитивно ова е сигнал и инцијатива за пласман на слободните пари во приватниот сектор. Податоците покажуваат дека банките “пливаат“ во ликвидноист и тие пари треба да се насочат во насока на подршка на еконосмкиот раст. Дополнително, во изминатиот период се намалија и каматите на државните обврзници на домашен пазар, уште еден потег и сигнал до банкарите“ - вели економистот Павле Гацов.

Сепак, дел од банкарите сметаат дека сеуште демнат ризици на политичко-економски план.

“Во овој период сведоци сме дека се најавуваат законски измени кои ќе ја засегната адвокатурата и нотарите, потоа тука е и новата неизвесност во однос на разврската со спорот за името со Грција, да видиме и што ќе донесе периодот по усвојување на Законот за јазици. Сето ова се политички детерминанти, но во исто време имаме раст на нефункционалните кредити, и сето ова покажува дека сеуште постојат ризици кои влијааат врз кредитната активност“ - коментираат банкарите за “Фактор“.

Сепак, Народната банка, потпирајќи се на првичните податоци и анализи оценува дека почетокот на оваа економска година може да се смета за позитивен.

“Економските основи и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи. Воедно, беше утврдено понатамошно стабилизирање на довербата и очекувањата на економските субјекти, видливо преку поволните движења на девизниот пазар и постепеното забрзување на депозитниот раст. Истовремено, последните оцени за растот на клучните трговски партнери посочуваат на подобро надворешно окружување од очекуваното досега и со тоа подобар амбиент и помали ризици за домашната економија“ - соопштија од НБМ.

На крајот од јануари вкупната вредност на кредитната задолженост на граѓаните и на фирмите во банките изнесувала 4,79 милијарди евра. Во декември кредитната изложеност изнесувала 4,85 милијарди евра со што на месечно ниво, во апсолутен износ забележано е намалено кредитирање за 62 милиони евра. Во јануари, кај вкупните кредити е евидентирано намалување од 1,3% на месечна основа,  додека анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст  изнесува 6,1%. Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките кредити, стапката на годишен раст во јануари изнесува 11,3%, без промени на месечна основа. Станбените кредити бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,2%, соодветно. Во првиот месец од годината, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички забележаа месечен пад од 1,4% и 0,3%.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава