Погледнете каква монета изработи САД за историската средба Трамп - Ким
Објавено во: Свет 22 Мај, 2018
Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
Трамп и Ким треба да се сретнат на 12 јуни во Сингапур, иако Пјонгјанг неодамна се закани со можност за откажување на средбата.
Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите.
Поради неизвесноста за одржување на средбата голем број твитераши бурно реагираа на таа социјална мрежа, коментирајќи дека е избрзана изработката на ваква паричка, пишува „ Гардијен“.