23 Април, 2024
0.0419

Поголема инклузивност на домашните компании во локалните и регионалните синџири на снабдување со цел да се максимизираат ефектите од странските директни инвестиции во земјата

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Бенефитите од странските инвестиции во една земја се пред се` директно отворање нови работни места и генерирање доход, зголемување на извозот и негова диверзификација, прилив на странски капитал, создавање додадена вредност и пошироки позитивни ефекти за целокупната економија во којашто делуваат, беше констатирано на денешната конференција организирана во рамките на Проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“. Проектот е финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со виенскиот универзитет за технологија - Институт за менаџмент во науката, ќе трае 24 месеци и е поддржан од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка.

Конференцијата е во организација на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На конференцијата беше посочено дека стратегијатана државата за привлекување на странски директни инвестиции треба да биде проследена со амбициозна стратегија за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) посебно на оние домашни компании кои имаат потенцијал да бидат нивни локални добавувачи, со цел максимизирање на бенефитите од работењето на мултинационалните компании во земјава. Со јакнење на интегрираноста со домашните субјекти се зголемуваат позитивните ефекти од нивното работење, а со крајна цел постигнување поурамнотежен економски развој и поголема конкурентност на националната  економија.

И покрај напредокот постигнат во привлекувањето на извозно ориентираните странски директни инвестиции, способноста на локалните МСП подлабоко да се интегрираат во синџирот на снабдување на глобалните СДИ во земјава е лимитирана  пред се од нивното  релатвно ниско ниво на продуктивност, корпорациски вештини, технолошките капацитети, бизнис софистицираност  и некои аспекти на деловното опкружување на локално ниво.

Резултатите на определени истражувања покажуваат дека износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат по околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра, со тенденција за среднорочно и долгорочно зголемување.

На протоколарниот дел од конференцијата, пред преполнетата сала со странски инвеститори во земјава и домашни компании заинтересирани за соработка со нив, се обратија проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје како и проф. д-р Роберт Миновски. 

Модератор на настанот беше Аврам Стојчевски, директор на Ван Хоол Македонија и воедно претседавач со Асоцијацијата на автомобилската индустрија при Советот на странски инвеститори.

Владата на РМ има јасна претстава за ситуацијата во оваа проблематика и за да го решаваме проблемот треба прецизно да ги дефинираме околностите и да им веруваме на бројките – а тоа е дека вкупните набавки на компаниите од слободните зони од домашните фирми е околу еден одсто. Најчесто соработката се сведува на користење обезбедување, угостителски услуги, одржување, комунални услуги, а исклучително малку во делот на производствениот процес, -  истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Но од друга страна пак мораме да ја сфатиме и суштината и природата на СДИ во земјава: странските компании во слободните зони, генерално, набавката на суровини и основни компоненти за нивните производи ја вршат централизирано, од познати и веќе традиционални партнери и изнаоѓањето на нови локални добавувачи за нив би имплицирало дополнителни трошоци и долгорочни инвестиции. Додека пак, некои од странските фирми во зоните кои изработуваат финални производи, како што е случајот со Ван Хол Македонија имаат поголем простор за избор на домашни фирми кои би ги вклучиле во нивниот локален систем на набавки.

Како што истакна заменик премиерот Анѓушев,  Владата на РМ ќе им обезбеди поддршка и на двете страни – да се стимулираат СДИ да ги зголемат набавките на производи и услуги од локалните СМЕ, а локалните фирми да воведуваат нови технологии и иновативни процеси во производтсвото преку новите мерки инкорпорирани во Планот за економски развој, коишто важат подеднакво како за странските така и за домашните компании.

На крајот, д-р Кочо Анѓушев истакна дека се во завршна фаза на преговори со  30-тина нови странски инвестиции, со коишто допрва ќе се потпишат договори за нивно инвестирање во Република Македонија.

-Со заменик премиерот Анѓушев ги делиме истите мислења на ова тема, а тоа е дека странските инвеститори треба да бидат поотворени и пофлексибилни, а домашните да бидат похрабри во пристапот кон странските компании и да работат на нивото усовршување и модернизирање – посочи м-р Штефан Петер,Претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.За домашните компании соработката значи повеќе работа и развој, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и, секако, можност за извоз на странски пазари.

Од тие причини, македонските компании треба се ангажираат во правец на интензивирање на соработката со странските компании кои работат во земјава, да бидат поагресивни и да им се наметнат на странските компании, пред се` со квалитетни производи, конкурентни цени и поседување на потребните сертификати за квалитет. Биснисот не ви доаѓа во канцеларија туку треба да одите кај СДИ и да ги понудите своите производи и услуги – истакна претседателот на Советот. Треба да поседуваат професионален продажен тим што знае да го продаде својот производ или услуга и добро да ги знае и проучи барањата и потребите на своите клиенти. Треба да се слушаат потребите на клиентите – што им треба да клиентите.Магичниот триаголник за успешна соработка којшто треба да го исполнуваат како странските така и домашните фирми се состои од три фактори: квалитет, цена и време на испорака  -поентираше Петер.

Д-р Роберт Миновски, водечки партнер и професор на Машинскиот факултет во Скопје ги презентираше клучните поенти и цели на Проектот како и резултатите од неодамнешната анкета спроведена помеѓу странските инвеститори.

Следната фаза е спроведување истражување перформансите на домашните компании во поглед на нивните производствени и технички капацитети, ниво на продуктивност, финансиски, менаџерски и човечки ресурси за прелиминарна селекција на 20 локални добавувачи коишто имаат потенцијал да станат локални партнери на странските компании.

Д-р Томаш Соботка од Универзитетот за техника од Виена, Република Австрија, се осврна на техничката помош и меѓународната експертиза којапреку проектот ќе биде понудена на локалните компании заинтересирани да ја зголемат својата софистицираност со цел да се интегрираат преку своите производи и услуги во глобалните и регионалните синџири на снабдување на големите странски компании лоцирани во и надвор од технолошко-индустриските развојни економски зони (ТИРЗ).

Посебен интерес кај присутни учесници на настанот предизвикаа споделените успешни приказни на заедничка соработка на дел од странските инвеститори во земјава и домашните добавувачи, презентирајќи го патот којшто треба да се изоди за ваквите партнерства да бидат одржливи и успешни на долг рок.  На панелот, претставници на Ван Хол, Арцелор Митал и Комфи Ангел од една страна и на Унипласт, Мондо и ? од друга страна ги пренесоа нивните искуства од самите почетоци на воспоставената соработка, од првичните контакти, преку периодот на преговарање иунапредување на производството и инвестирање во нови технологии за задоволување на критериумите на странскиот партнер, до првите пробни нарачки и градење на зедничка доверба и успешна соработка до денес.

На последната панел-дискусија беа промовирани инструментите и програмите на финансиските институции и странските донаторски организации во земјата за поддршка на локалните мали и средни компании за зајакнување на нивните капацитети со цел да станат локални добавувачи од страна на претставници на: Фондот за иновации и технолошки развој, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светска Банка- канцеларија во Скопје,  Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и од  УСАИД Македонија.

Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!