20 Април, 2024
0.0269

ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА ВО ПРОДАЖБАТА НА АРАНЖМАНИ НА ХОТЕЛСКИТЕ И РЕСТОРАНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Објавено во: Економија 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија во изминатиот период реализираше повеќе активности со конкретни инцијативи за изменување и дополнување на законската регулатива во секторот, со цел остварување подобри резултати кои треба да покажат и поголем инпакт на угостителството и туризмот во домашната економија. За таа цел беа одржани серија работни состаноци на коишто се дискутираше за конкретни проблеми во дејноста; пред речиси една година е доставен допис до министерот за економија  со предлог за отпочнување разговори за решавање на конкретни проблеми од секторот туризам и угостителство, во кој се дефинирани повеќе од 20 прашања; одржани се и две работилници во ноември и тркалезна маса во декември 2017 година со цел да се стимулира дискусија – кои стимулативни мерки е потребно да се воведат со цел да се обезбеди раст и приход на туризмот согласно проекции во домашната економија. По сите овие активности, во јануари 2018 година беа формирани работни групи во Министерството за економија со цел изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Законот за угостителската дејност и за Стратегијата за туризам која е се`уште во форма на нацрт-верзија. Се преземаат активности за дефинирање на конкретни предлози и во рамките на УСАИД-Проектот за подобра бизнис регулатива, каде се вклучени четирите стопански комори. Сепак, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, преку оваа прес-конференција има за цел да укаже дека некои од проблемите кои се наведени во предлозите за изменување и дополнување на законската рамка, потребно е интервентно да се решат.

  - Едно од тие прашања е како да се елиминирана нелојалната конкуренција согласно продажбата на хотелските и другите видови услуги за ноќевање преку светски познатите „онлине“ оператори во услови на нерегулирана категоризација на сите сместувачки капацитети кои постојат на пазарот и непостоење на регистри на објектите, освен за хотелите, информираше на денешната прес-конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.  

  -Во таа насока, со цел да се овозможи реална евиденција на бројот на туристи и ноќевања, што ќе значи и пореално евидентирање на девизниот прилив, како и други поволности со кои ќе се зголеми учеството и влијанието на туризмот и угостителството во домашната економија, предлагаме да се воспостави систем на контрола и следење на работата на сместувачките капацитети, во меѓусебна комуникација и соработка токму со светските „онлине“ оператори, истакна Горан Дамчевски заменик-претседател на Здружението при Комората.

Членките на Здружението не се против функционирањето на платформата на „онлине“ продажба дотолку повеќе што и Македонија е пазарно ориентирана држава. При тоа, истакнуваме дека „онлине“ операторите се сериозни тур-оператори преку кои во светски рамки се одвива продажбата на сместувачки капацитети во голем процент. Нивното постоење и функционирање и на македонскиот пазар има големо значење бидејќи проценките на бизнис секторот се дека околу 50% од вкупниот обем на продажба на хотелските услуги се одвива преку „BOOKING“. Сепак, бизнис заедницата од угостителскиот сектор преку Стопанската комора на Македонија во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција предлага да се преземат активности по два основа:

1.  да постои задолжително категоризација и регистри за сите видови сместувачки капацитети на државно и на локално ниво и

2.  да се воспостави директна соработка со светските „онлине“ тур-оператори, за да се обезбеди систем на контрола на сместувачките капацитети на домашни субјекти кои се продаваат на пазарот.

Здружението на угостителството и туризмот укажува дека во моментов освен категоризација на хотел, мотел, пансион и апартмани регистрирани од физички лица на локално ниво, не постои јавно достапна информација колку капацитети се регистрирани под други називи, надвор од оние што подлежат на категоризација, како апартмани, преноќувалишта, резиденции, куќи за одмор, вили, планинарски, ловни домови и други форми под чии називи се издаваат преку „онлине“ продажните оператори и при тоа постои само Регистар на хотели. На локално ниво  речиси и да не постојат регистри за физичките лица кои работат угостителска дејност. Туристичките бироа не функционираат, договорите со туристичките агенции не се видливи.

Во таа насока, членките на Здружението при Комората предлагаат Министерството за економија да воспостави директна соработка со светските „онлине“  тур-оператори за да се обезбеди систем на контрола на сместувачките капацитети на домашни субјекти (правни и физички лица) кои се нудат за продажба и дали истите ги почитуваат критериумите. Ова пред се` е поради фактот дека секојдневно само на „BOOKING“ се огласуваат над 600 сместувачки капацитети само во Скопје, или над 1500 во цела Македонија. Голем број од апартманите се рекламираат со три и четири ѕвезди, а категоризација на апартмани не постои. Нема информација кој од овие субјекти работат како правни лица, дали плаќаат данок, дали имаат евидентирано вработени лица, дали пријавуваат во Заводот за статистика број на туристи, дали водат книги за евиденција на гости, дали истите се пријавуваат во МВР согласно законските прописи. 

За разлика од системот на „BOOKING“, каде огласените објекти мора да работат согласно Законот, продажбата на сместувачки капацитети преку „AIRBNB“ системот е поразлична и овозможува издавање и од физички лица без при тоа да имаат регистрација на угостителска дејност. Сепак, и едниот и другиот „онлине“ систем за продажба имаат интерес да постојат на пазарот и имаат поставени соодветни услови и критериуми за работа, кои согласно светските искуства сите страни во процесот се обидуваат да го почитуваат.

Доколку се воспостави систем на следење и контрола, ќе се елиминира нелојалната конкуренција, ќе се намали „сивата“ економија преку:

1.  евидентирање и на туристите, кои престојуваат во објекти кои се издаваат преку „онлине“ операторите; 

2.  вклучување на лицата кои работат во овие објекти во активен работен однос во секторот, со што и бројката на вработени во туризмот и угостителството би била поголема, а со тоа и приходите од туризмот и угостителството во буџетот по основ на плаќање на придонеси и даноци;

3.  раст на приходите од вршење дејност, преку плаќање даноци по разни основи согласно Закон, како и евиденција на девизниот прилив од туристичка дејност што значи и поголеми приходи во буџетот.

Крајно подобриот систем на контрола и евиденција на угостителските објекти за ноќевање ќе даде пореална и позитивна слика на учеството на туризмот и угостителството во домашната економија, преку бројот на туристи, приходи во буџетот, како и во делот на вработувањето. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите