19 Април, 2024
0.0243

ПОГОЛЕМИ ШАНСИ ЗА ЖИВОТ НА ДРУГА ПЛАНЕТА: Научниците открија супер-Земја и уште 60 планети

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Астрономите откриле 60 нови планети во наша близина, што ги зголемило шансите да пронајдеме макар една на која животот би бил можен.

Тим од меѓународни експерти пронашле уште 54 планети кои се потенцијални за населување, што значи дека севкупно откриле 114 планети. Макар некои од нив би можеле да бидат како Земјата и погодни за живот.

Една од егзопланетите е и врелата супер-Земја, која има карпеста површина, а пронајдена е во четвртиот најблизок ѕвезден систем. Таа планета, позната и како Gliese 411-b може да сугерира дека сите ѕвезди близу до нашето Сонце имаат планети кои кружат околу нив, а како такви можат да бидат како Земјата и да имаат одговарачки услови за живот.

Резултатите се базирани на скоро 61 000 индивидуални опсервации на 1600 ѕвезди во текот на дваесетгодишен период кој го спроведувале американски астрономи користејќи телескоп Keck-I n на Хаваите, пишува Independent.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган