21 Септември, 2020
0.0285

Пограничен инцидент се случи во Охридското езеро, известени се и албанските органи

Објавено во: Македонија 03 Август, 2020

Пограничен инцидент имало во Охридското езеро, а полицијата испукала предупредувачки куршуми. 

Во водите на Охридското езеро вчеравечер се случил пограничен инцидент, кога полицијата испукала четири куршуми за да спречи албански глисер да избега од Радожда во албански води.

Околу 22,30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро” се упатиле наспроти с.Радожда, струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија.

По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин, во Албанија.

Известени се и пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Можеби ќе ве интересира

Две фирми „лапнаа“ милионски тендер на МВР: За колку вози полицијата?

Две фирми „лапнаа“ милионски тендер на МВР: За колку вози полицијата?

(ВИДЕО) Ваучери, домашни гости, пеколни журки - Како Охрид се справи со КОВИД-19 кризата?

(ВИДЕО) Ваучери, домашни гости, пеколни журки - Како Охрид се справи со КОВИД-19 кризата?

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

МАЛEШЕВИЈА: Добар род на аронија и слива, еве колку може да заработите

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Нема целодневен престој во училиштата, градинките може повторно да затворат: Комисијата за заразни болести пред важни одлуки

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Денеска нов протест на мајките: Ќе попушти ли Владата за седење дома

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Пратеничка на ДУИ: Вработувањето Албанци е наша обврска

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Се очекува утре одлуката на Врховен да пристигне до Кривичен, полиција се уште пред домот на Јанкулоска

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи