14 Мај, 2025
0.0294

Погребот на папата Франциск искористен за средби со Трамп

Објавено во: Свет 26 Април, 2025 13:20

Добивај вести на Viber

Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери додека трае церемонијата на оддавање последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со својот американски колега Доналд Трамп во италијанската престолнина, каде што двајцата присуствуваа на погребот на папата Франциск, изјави портпаролот на Зеленски, а Белата куќа рече дека разговорот бил „многу продуктивен“.

Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе биде средба или барем и кратка размена на неколку збора со Трамп, кој досега се покажа многу селективен во изборот на тоа со кого ќе се сретне. 

Меѓу големиот број лидери што ќе присуствуваат на погребот ќе биде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која досега не се најде меѓу оние со кои се сретна Трамп по неговото повторно вселување во Белата куќа во јануари годинава. 

Според „Еурактив“, Фон дер Лајен би можела да има ретка шанса да се сретне со Трамп на погребот на папата, во услови кога американскиот претседател продолжува да избегнува дијалог со првите луѓе на ЕУ и наместо тоа по сопствен избор се среќава со лидери на одделни земји членки на Унијата. 

- Со оглед на тоа што се очекува Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски да седат близу еден до друг, се чини дека веројатна е интеракција меѓу овие лидери кои би претпочитале да не се во иста соба. Но, онаа која би сакала да биде близу до Трамп е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кон која откако се врати во Овалниот кабинет тој манифестира оглушувачка тишина, наведува порталот.

Авторот на освртот оценува дека Трамп никогаш не бил заинтересиран да ја признае ЕУ како вистински соговорник, додека Фон дер Лајен ја смета за нејзин „неизбран бирократ“. 

Трамп, кој слета во Рим доцна синоќа, на новинарите за време на летот им рече дека е заинтересиран да се сретне со други лидери, иако одби да даде какви било детали. Неговото време за да разговара за било каква работа е релативно кусо.

„Ќе се сретнам со некои луѓе во Рим, да... И тоа ќе биде малку брзо, и искрено, малку е непочитувачки да се имаат состаноци кога си на погреб на папа, велат“, рече Трамп. „Но, ќе разговарам со некои луѓе, ќе видам многу луѓе.“

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЗГРАДАТА Е ОД 15 ВЕК, ИМА МУЗЕИ, БИБЛИОТЕКА, КАПЕЛА: Ова е резиденцијата на Папата

(ВИДЕО) ЗГРАДАТА Е ОД 15 ВЕК, ИМА МУЗЕИ, БИБЛИОТЕКА, КАПЕЛА: Ова е резиденцијата на Папата

ПРЕСУДА ЗА ФАЈЗЕРГЕЈТ - ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАГУБИ НА СУД ПО СИТЕ ТОЧКИ ОД ОБВИНЕНИЕТО! Фон дер Лајен згреши, со какви последици ќе се соочи?

ПРЕСУДА ЗА ФАЈЗЕРГЕЈТ - ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАГУБИ НА СУД ПО СИТЕ ТОЧКИ ОД ОБВИНЕНИЕТО! Фон дер Лајен згреши, со какви последици ќе се соочи?

НА СРЕДБАТА ШТО ЈА ОЧЕКУВА ЦЕЛ СВЕТ НЕ ДОАЃА ПУТИН, СО ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПРЕГОВАРА ЛАВРОВ: Од лидерите само украинскиот претседател го потврди присуството

НА СРЕДБАТА ШТО ЈА ОЧЕКУВА ЦЕЛ СВЕТ НЕ ДОАЃА ПУТИН, СО ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ПРЕГОВАРА ЛАВРОВ: Од лидерите само украинскиот претседател го потврди присуството

ГЕРМАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА СÈ ПОМАЛКУ, ЗЕМЈАТА ИМА ПОТРЕБА ОД ПОГОЛЕМА ИМИГРАЦИЈА: За повеќе од милион места не треба формална стручна обука

ГЕРМАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА СÈ ПОМАЛКУ, ЗЕМЈАТА ИМА ПОТРЕБА ОД ПОГОЛЕМА ИМИГРАЦИЈА: За повеќе од милион места не треба формална стручна обука

ГО НАРЕКУВАА НАЈСИРОМАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТОТ: Почина Хозе Мухика

ГО НАРЕКУВАА НАЈСИРОМАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВЕТОТ: Почина Хозе Мухика

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА: Земјотрес го стресе Неапол

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ИЗЛЕГОА НА УЛИЦА: Земјотрес го стресе Неапол

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари

(ВИДЕО) ВТОР СЛУЧАЈ ЗА ПОЛОВИНА МЕСЕЦ ВО МЕКСИКО: Кандидатка за градоначалник e убиена пред граѓаните

(ВИДЕО) ВТОР СЛУЧАЈ ЗА ПОЛОВИНА МЕСЕЦ ВО МЕКСИКО: Кандидатка за градоначалник e убиена пред граѓаните

ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ НА ПРЕГОВОРИ: Kaжа што ќе се случи ако Русите не дојдат

ЗЕЛЕНСКИ ОДИ ВО ИСТАНБУЛ НА ПРЕГОВОРИ: Kaжа што ќе се случи ако Русите не дојдат