29 Март, 2024
0.0252

ПОКРАЈ ХРАНАТА И ЕНЕРГИЈА, ПОСКАПЕЛЕ И ВЕЛОСИПЕДИТЕ, МЕБЕЛОТ, ФРИЗЕРСКИТЕ УСЛУГИ.. ДЗС измери високи 18,7 проценти инфлација

Објавено во: Економија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Трошоците на животот во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, се зголемиле за 18,7 отсто, додека цените на мало бележат зголемување од 14,7 проценти. 

Како што објави Државниот завод за статистика, раст на цените во септември во споредба со август има кај сирењето и урдата за 9,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 6,3 проценти, млекото за 5,7 отсто, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3,1 отсто, пивото за 2,9, лебот и житата за 2,6, месото за 2,2, виното за 1,6, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,7, жестоките пијалаци за 0,6 и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за домаќинствата за 15,2 отсто, велосипедите за 9,1 процент, мебелот и покуќнината за 6,9, фризерските салони и центрите за разубавување за 6,1, малите алатки и останатите додатоци за 6,0, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 5,9, теписите и другите подни покривки за 5,4, поправката на апаратите за домаќинствата за 4,2, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 3,9, течните горива за домаќинствата за 3,7, медицинските услуги за 3,3 отсто...

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат