28 Март, 2024
0.0269

Покренато обвинение за синовите на екс-градоначалникот на Петровец

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Синовите на поранешниот градоначалник Ѕвонко Цветковски се обвинети дека го нападнале полицискиот службеник Филип Филиповски, од кои едниот од нив во грозоморен чин со убод со нож му ги повреди внатрешните органи и го доведе во животна опасност.  Цветковски во моментов работи како советник во МВР при што целиот случај доби политичка конотација.

Едниот син ќе одговара за тешка телесна повреда откако го избоде Филиповски пред дискотека во Марино изминатата пртолет, а неговиот брат е обвинет за помагање при извршување на истото кривично дело откако претходно го нападнал со удар.

- На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото, информираат од обвинителство.

Обвинетите се бранат од слобода со мерки на претпазливост: забрана за напуштање на местото на живеење, привремено одземање на пасош, обврска повремено да се јавуваат во суд и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците.

Кривичниот совет во април го одби барањето на Обвинителството да им се одреди притвор на синовите на високиот функционер во МВР.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“