24 Април, 2024
0.0266

Покривот на ГТЦ ќе зазелени

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.

-ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот,  овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите – рече денеска градоначалникот Шилегов.


Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени - Отпорно Скопје.

-Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат  Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија – изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.


На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот. 

-Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме – нагласи градоначалникот Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот