Пола метро снег на Балканот
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2018
Некои области на Балканот овие денови ги зафати длабока снежна покривка по 24 часа непрекинато врнење. Најмногу проблеми снегот предизвика во Бјелина, на исток во БиХ, каде што натрупа повеќе од половина метар снег., а во поизолираните места измерен е рекорд од 70 сантиметри во местото Рама, општина Прозор.
Снег има во дел на Хрватска. Натрупан снег има во Горски Котар, Лика, Славонија, и во во северозападниот дел на државата.
Во Белград веќе 48 часа врне снег со највисоки 40 сантиметри, додека во Црна Гора има најмногу на Жабљак - 50 сантиметри, наведува Танјуг.
Во Македониј засега најмногу е измерено на Шар Планина - 19 сантиметри.