Пола милион Турци се против Ердоган?
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
По изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека ќе поднесе оставка ако турската нација му каже „доволно“, денеска повеќе од половина милион Турци одговорија со пораки на Твитер означени со #Tamam, што значи „доволно“.
„Ако еден ден нашата нација каже ‘доволно’, ние ќе отстапиме- рече Ердоган во говорот во парламентот.
Ердоган владее 15 години, а неговата власт е одбележана со силен економски раст, но и со пресметки со неистомислениците. Ердоган минатиот месец кажа дека предвремените избори ќе се одржат на 24 јуни, една година порано од редовните.
Граѓаните на Твитер му пишуваат дека сакаат демократија и дека тој ќе мора да одговара за она што го сторил.
Противниците на Ердоган на претседателските избори, се приклучија на твитовите означени со тагот „Tamam“, а тројца од неговите најголеми противници собраа повеќе од 10.000 споделувања на своите пораки.