Пола од германските компании имаат проблем да најдат работници
Објавено во: Економија 16 Март, 2019
Во Германија, тешкотии во потрагата по нови работници во овогодишното истражување навеле 49 отсто од компаниите. Лани нивниот удел бил 47 отсто.
Особено големи проблеми искажале од градежниот сектор, што го кочи проширувањето на дигиталната инфраструктура. Сѐ поголеми проблеми се јавуваат и во секторот на електроинженерство, каде што многу компании имаат проблеми со пронаоѓањето работници со потребните квалификации.Повеќе од половина од анкетираните компании денес се подготвени да бараат работници и надвор од ЕУ.