29 Март, 2023
0.0222

ПОЛЕКА, НО СИГУРНО: КРЕДИТИТЕ СТАНУВААТ СЕ ПОСКАПИ - новите заеми опасно се доближуваат до пет отсто

Објавено во: Финансии 01 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Полека но сигурно растат каматните стапки. Поскапуваат и кредитите, а за волја на вистината, стануваат поатрактивни и депозитите.

Народна банка ги објави каматните стапки за декември, односно заклучно со крајот на минатата година, кои говорат дека каматите кај новоодобрените кредити достигнаа веќе до 4,83 отсто, што, пак, е веќе сериозно доближување до психолошката граница од 5 проценти.

Па така, на крајот на декември лани каматата на новоодобрените кредити изнесувала 4,83 проценти, што е сериозен пораст во однос на 4,49 отсто колку што била еден месец претходно, во ноември.

Ако се направи споредба со јануари лани, пак, тоа е веќе пораст за близу еден процентен поен, со оглед на тоа што во тој месец каматата на новоодобрените кредити изнесувала 3,84 отсто.

Кога станува збор, пак, за вкупните кредити, каматата е само малку зголемена и таа на крајот на декември лани била 4,44 отсто, додека, пак, еден месец претхоно бла на нивото од 4,41 отсто, а во јануари, пак, на почетокот на ланската година, изнесувала 4,35 проценти.

Ова се должи на фактот што во вкупните кредити влегуваат и претходно одобрените, со оглед што речиси за сите заеми банките одобруваат фиксна каматна стапка на одреден период, па се додека тој период трае, тие за постојните договори немаат право да ги зголемуваат каматните стапки.

Растат и каматите на штедните влогови. Кај вкупните каматата на крајот на деември лани е 0,86 отсто, додека, пак, кај новоодобрените депозити таа достигна 1,34 отсто, наспроти 1,27 проценти еден месец претходно, и 0,53 проценти во јнуари, што значи дека за една година кај новите заштеди имаме раст на каматата за повеќе од половина процентен поен.

„Во декември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно зголемување од 0,03 п.п. и 0,07 п.п., соодветно и изнесува 4,44 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 отсто и бележи раст на месечна и на годишна основа од 0,09 п.п. и 0,12 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во декември, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,83 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 1,22 п.п. Овој месец, просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен и годишен раст од 0,07 п.п. и 0,64 п.п., соодветно и изнесува 1,34 отсто“, напишале од НБМ во својот месечен извештај.

Ова говори дека банките, во големата конкурентска битка меѓу нив, не поитаа да ги поскапат кредитите и во тој поглед играа многу претпазливо, но не можат да ги игнорираат сигналите од НБМ, која во неколку наврати ја зголеми оснавната камата како главен нивни репер, со што таа сега е на ниво од 4,75 отсто.

Сите погледи во деловниот и финансискиот свет сега се вперени кон тоа каква стапка на инфлација ќе пресмета Државниот завод за статистика во јануари, но и како ќе се однесуваат ЕЦБ и ФЕД, од што во голема мерка ќе зависат следните потези на НБМ во поглед на одредувањето на референтната каматна стапка.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Еве колку би заработиле сега да сте вложеле 1.000 долри во Кока Кола во исто време како и Ворен Бафет

Еве колку би заработиле сега да сте вложеле 1.000 долри во Кока Кола во исто време како и Ворен Бафет

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НОВИ 11,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - ќе земаат „заглавени“ фирми, но и физички лица со повластени камати

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НОВИ 11,3 МИЛИОНИ ЕВРА ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - ќе земаат „заглавени“ фирми, но и физички лица со повластени камати

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата а ја осигуруваме иднината!

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата а ја осигуруваме иднината!

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

ФАКТОР НАПРАВИ ГРУБА ПРЕСМЕТКА: Еве колку ќе чини моралното менување документи заради Преспанскиот договор со новите поскапувања!

ЛУЃЕТО ЈА МРАЗАТ ИНФЛАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА - директор од ФЕД објасни зошто мора да ги зголемуваат каматите

ЛУЃЕТО ЈА МРАЗАТ ИНФЛАЦИЈАТА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ГУБЕЊЕ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА - директор од ФЕД објасни зошто мора да ги зголемуваат каматите

АНАЛИТИЧАРИ: ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, ДОЈЧЕ БАНК НЕ Е НОВИОТ КРЕДИТ СВИС - паниката треба да се смири

АНАЛИТИЧАРИ: ДА БИДЕМЕ НА ЈАСНО, ДОЈЧЕ БАНК НЕ Е НОВИОТ КРЕДИТ СВИС - паниката треба да се смири

СРПСКИ СТАРТАП ГО ПРЕЖИВЕА КОЛАПСОТ НА СВБ, ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕА БЕЗ НИШТО - еве низ што се мораа да поминат

СРПСКИ СТАРТАП ГО ПРЕЖИВЕА КОЛАПСОТ НА СВБ, ЗА МАЛКУ ЌЕ ОСТАНЕА БЕЗ НИШТО - еве низ што се мораа да поминат

ПАДНАА АКЦИИТЕ НА ДОЈЧЕ БАНК - вознемирените инвеститори бараат посигурни „брегови“

ПАДНАА АКЦИИТЕ НА ДОЈЧЕ БАНК - вознемирените инвеститори бараат посигурни „брегови“