01 Декември, 2024
0.2363

„ПОЛИЦАЕЦОТ ДЕНЕС СЛОБОДНО ШЕТА ПОД СЛОГАНОТ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ТВОЈА“: Адеми вели ова е селективна правда

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Додека Албанците, вклучително и малолетниците, се приведени по кривични пријави; од друга страна, нема санкција, ниту за полицијата, за која се предупредува само дисциплинска постапка, ниту пак кривична. Денеска слободно шета, фалејќи се со својот „патриотски“ гест. Сета оваа селективна правда се спроведува под слоганот „Македонија зерло твоја“, реагира Арбeр Адеми од ДУИ, на фејсбук.


Во меѓувреме се огласија и од неговата партија.

Бараат оставка од Тошковски.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и на неговиот заменик Астрит Исени за, како што велат, главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

-ДУИ бара итна и неотповиклива оставка на министерот за внатрешни работи и на заменик-министерот за внатрешни работи како главно одговорни за настанот. Ако оставката не се случува, ние деновиве во Собранието ќе покренеме интерпелација за министерот за внатрешни работи и за заменик-министерот. Најверојатно интерпелацијата ќе биде поднесена на почетокот на наредната недела. Кога нашите служби и пратеничката група ќе биде спремна, веднаш ќе биде поднесена, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Бајрам Реџепи.

Последните случувања, како што рече Реџепи, не се само јасен показател за неуспехот на институциите, туку и вистинско огледало за правецот што оваа држава го има земено со оваа Влада.

-Кога се пали албанското национално знаме и провокациите спрема Албанците поминуваат без никаква казна, додека полициското насилство спрема една традиционална манифестација завршува со казнување само на Албанците, станува јасно дека таквиот пристап е намерен за да се навредува и омаловажува една цела нација. Огорчени и загрижени од насилството и омаловажувањето на знамињата од страна на сомнителните групации кои не и посакуваат добро на оваа држава и посебно од неодговорниот, непрофесионалниот и поттикнувачкиот однос на државната полиција, ДУИ апелира до сите граѓани да бидат мирни и да избегнуваат било какви провокации во наредниот период од страна на одредени структури кои работат против мирот и стабилноста на нашата земја и на целиот регион, рече Реџепи.

Бара од институциите неселективно да ги донесат пред лицето на правдата сите одговорни на овие, како што вели, срамни и монструозни случувања.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

ОЧЕКУВАМ ИЗВИНУВАЊЕ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ ТУЖАМ - Груби ги демантира Вреди, вели дека нема врска со инцидентот

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

СНЕГ ОД ЕДЕН МЕТАР И ПАДНАТИ ДРВЈА НА ПАТОТ КОН СЕЛОТО МИХАЈЛОВО - Јанчев: На терен сме до целосно расчистување

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

„АКО Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ, ЌЕ ИМА САНКЦИИ И ЗА ДИРЕКТОРОТ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ“ - инспектори од Просветен инспекторат утре ќе одат во Челопек

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

АНДИ ИСМАИЛИ ОД МАКЕДОНИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО МОДЕРЕН ТАНЦ И ЈА ПЕЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА - браво шампионе во конкуренција од 72 танчери

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ДУИ ЖЕСТОКО ИМ ВОЗВРАТИ НА ВРЕДИ: Немаме врска со инцидентите со знамето, ќе преземеме мерки за лажните обвинувања

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

ВАКА ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ГО ПРОСЛАВИЈА ЖЕНСКИОТ АКТИВИЗАМ: Да се бориме против родово базираното насилство и растечкиот број фемициди

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

„АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ НЕ Е САМО ЗНАМЕ, ТУКУ И НАЦИОНАЛЕН СИМБОЛ, МОИТЕ ПРЕДЦИ СО НЕГО ПРАВЕЛЕ СВАДБА, ЌЕ ПРАВАМ И ЈАС“ - Салиу вели дека последен пат пишува за национални теми

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

ЗА СЕКСУАЛНИ УСЛУГИ НАПЛАЌАЛЕ И ПО 800 ЕВРА ОД НОЌ, А ЕВЕ ГИ И ДРУГИТЕ ЗЛОДЕЛА - МВР разби опасна мрежа на проституција, четворица уапсени

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика

СЕМЕЈСТВОТО СО ДВЕ МАЛИ ДЕЦА Е НА БЕЗБЕДНО - биле заглавени во снегот на патот пред Хотел Радика