Полицајците први се израдуваа на повисоките плати за 5 отсто за септември
Објавено во: Економија 04 Октомври, 2019
Околу 138 илјади вработени во јавниот сектор фобија зголемување на платите од 5 отсто.
Вработените во МВР први добија покачување а според информациите на МВР на сметките на работниците легнале 5% плус.
Доктори, професори, здравствени работници, локална самоуправа, вработени во јавни установи, односно целата јавната администрација за септември ќе добие повисока плата за 5 отсто а пратениците се согласија на овој Закон кој се носеше со скратена постапка во текот на вчерашниот ден.