Полицајка убила маж по кавга за неносење маска
Објавено во: Свет 15 Јули, 2020
Полицајка убила маж по расправија за неносење маска.
Заменичката на шерифот во Мичиген, застрела човек осомничен дека со нож прободел маж кој го критикувал бидејќи не носи маска во продавница, информираше полицијата.
Пукањето се случило во округот Ејтон, југозападно од Лансинг, околу 30 минути по инцидент со нож во продавница.
Осомничениот починал во болница. Мажот кој е прободен е во стабилна состојба и е задржан во болница.