19 Април, 2024
0.2144

Бруталност насекаде во Турција!

Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Најмалку две лица се повредени денеска во операцијата на полицијата на истанбулскиот плоштад Таксим, каде што неколку стотици полицајци беа донесени со дваесет автобуси. Напнатоста во реонот реасте на 12-от ден од антивладините протести,  Демонстрантите фрлаат молотови коктели и камења врз полицајците, кои враќаат со солзавец и водени топови. Првично, полицијата и демонстрантите успеаја да се договорат дека силите на редот нема да влегуваат во територијата на паркот,но подоцна, се развија судири, во кои загинаа три лица а се повредни повеќе од 5000. Јавниот обвинител во Анкара покрена истрага околу снимката која се најде на „Ју Тјуб“, а на која се гледа како полицаец вади пиштол и пука врз групата на демонстранти, а притоа ранува еден. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=l5psGJDU2xQ На снимката се гледа како за време на антивладините протести во Анкара кои траат веќе поголг период во Турција, како еден од полицајците кои постојано ја растеруваат толпата со водени топово и солзавци и го погодува во главата 27-годишниот Етхем Сарлускук кој минатата недела почина, како последица од ранувањето. На снимката е видлива и полициската бруталност за која Ердоган тврди дека ја нема. Другите две жртви се 20-годишниот Мухамед Ајвалитас и 22-годишниот Абдулах Чомрет. Снимката од инцидентот е направена за време на антивладините протести на плоштадот Кизилај, пренесува „International Business Times“. Додека пак шефот на полицискиот синдикат Фарук Сезер, тврди дека шест полицајци извршиле самоубиство од почетокот на протестите, во кои полицијата е критикувана поради прекумерна употреба на сила врз демонстрантите. Сезер вели дека полицијата е принудена да работи во сурови услов. Тој објаснува дека полицајците мобилизирани од други градови биле принудени да спијат врз штитовите зашто државните власти не им обезбедиле соодветно сместување. „Насилството што го гледате е резултат од насилството врз полицајците. Тие не само што се подложени на насилство од демонстрантите туку и од 120-часовниот режим на работа и неквалитетна храна“, изјави Сезер, додавајќи дека штом ќе престанат протестите, синдикатот ќе достави до обвинителството докази за тешките услови во кои работат полицајците и ќе поднесе тужба.    

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот