Полицијата ја бара со денови, Ана се појави со момче на YouTube
Објавено во: Балкан 06 Март, 2021
Полицијата повеќе од една недела трагала по малолетничка, а таа се појавила на видео на YouTube.
Индекс.хр јави дека полицијата на Хрватска трага по 17-годишната Ана Кличкињиќ од местото Дичмо, и тоа уште од 24 февруари.
Информациите за исчезнувањето на Ана Кличкињиќ беа објавени на официјалната веб-страница на Нестали.хр, на која стои дека таа исчезнала на 23 февруари во Сплит.
Приказната денес доби неочекувано продолжение.
Имено, на YouTube се појави видео во траење од скоро девет минути, во кое се појавува Ана Кличкињиќ со човек кој се претставил како Анте.
Снимките сугерираат дека Ана и Анте се во добри односи.
„Доброволно си заминав од дома. Ова беше наша идеја и го решивме тоа заедно. Јас доброволно излегов од дома“, вели Ана на видеото.
Поголемиот дел од снимката е всушност еден монолог на Анте.