Полицијата приведе петмина скопјани кои лепеле партиски плакати без одобрение
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020
Пет скопјани се приведени за лепење плакати од политички партии без одобрение.
Во СВР Скопје денеска е пријавено дека на заштитна ограда од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“, полициски службеници ги забележале Н.Б.(19), И.Л.(19) и М.И.(20), сите од Скопје, кои на местото на настанот пристигнале со патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, и лепеле плакати од политичка партија, без соодветно одобрение.
Пријавено е дека на надвозник на ул.„Лука Геров“ е забележан предизборен плакат на политичка партија, а на трансформатор од ЕВН имало залепени плакати од политичка партија. Подоцна, во 01.07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4 Јули“, во населба Дексион, полициски службеници од Полициска станица Ѓорче Петров ги забележале Б.С.(29) и В.Р.(40), двајцата од Скопје, како поставуваат висечки банер на политичка партија, и истите се изјасниле дека немаат одобрение за поставување на банери.
Во текот на вечерта 2 кон 3 јули на подрачје на Општина Ѓорче Петров се поставени околу 5-6 висечки банери на повеќе локации.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.