Полициска акција во Швајцарија, уапсени 127 криминалци - меѓу нив и Македонци
Објавено во: Свет 13 Март, 2018
Швајцарската полиција во Цирих уапси 127 криминалци, меѓу кои има и Македонци.
Во акција која траела од октомври до февруари годинава, а цел било сузбивање на криминалот во швајцарскиот кантон Цирих, полицијата уапсила 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.
Меѓу уапсените, 24 се осомничени за провали и кражби, од кои 21 се предадени на постапка во обвинителството, 55 се уапсени за кршење на Законот за странци како и за наркотици, или за немоќноста да им се утврди идентитетот. Поднесени се 180 кривични пријави како и многу казни.