Полициски час: Приведени 28 лица
Објавено во: Македонија 04 Април, 2020
Полицијата привела 28 лица во изминатото деноноќие, а забраната за движење не јапочитувале вкупно 59 лица.
Како што соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден во целата држава на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.