Политичар од Албанија ќе се обрати во македонското Собрание
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2018
Традиционалната низа на обраќања на политичари од Албанија во македонското Собрание ќе продолжи, а за денеска е предвидено да говори Грамоз Ручи, претседателот на албанскиот парламент. Тој пред македонските пратеници ќе зборува во рамките на 69 седница.
При неговата посета на Македонија тој ќе оствари средба со неговиот македонски колега Талат Џафери, како и со пратеничката група која е одредена да соработува со албанскиот парламент.