29 Март, 2024
0.0280

Политичката (не)стабилност ќе и пресуди на 2018 година!

Објавено во: Економија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

По економското колабирање во третиот квартал од 2017 година, сепак заршницата на четвртото тромесечје навести мал оптимизам, раст на БДП од 1,2%. Но овој процент не ја промени сликата за  минатата година , кога економијата практично беше во стагнација.  Според мерењата на Народната банка, удел во ваквата состојба има пред се градежништвото.  Генерално, индустриското производство на годишно ниво, во последниот квартал од 2017 година бележи благ раст којшто се должи на растот на производството во преработувачката индустрија, додека производството во енергетскиот сектор и рударството беше намалено.

“Остварувањата во градежниот сектор за периодот октомври‒ноември упатуваат на негово неповолно влијание врз економската состојба. Така, активноста во градежништвото и натаму се намалува, под влијание на намалената активност во доменот на нискоградбата, додека во високоградбата е забележан раст“ – велат од Народната Банка.

Во рамки на преработувачката индустрија, годишен раст на производството има кај поголем дел од дејностите, а највисок беше придонесот на дејностите каде што произведуваат поголемите извозни капацитети со странски капитал (машини и уреди, електрична опрема). Од друга страна, производството кај поголемиот дел од традиционалните дејности бележи намалување, со највисок негативен придонес од производството на пијалаци, метали, тутунски производи и облека.

Сумирано, според податоците од Заводот за статиситика, ланската 2017 година заврши со стагнација, откако во третиот кавртал беше испорачана негативна стапка на економски раст. Имено, Бруто домашниот производ во апсолутен износ изнесувал 10,7 милијарди евра. Раст од 2 отсто има кај финалната потрошувачка, додека на годишно ниво, бруто инвестициите се намалени за 4,5%. Дел од економистите оценуваат дека сега откако е јасно дека 2017 година е економски загубена, значајно е да се знае дека и оваа  2018 ќе биде детерминирана од политичката стабилност.

“Проектираниот раст и поголемиот оптимизам за новата 2018 (па и во 2019 год.) е блиску поврзан со повеќе фактори, оптимистичките проценки за растот на европската економија (и останатите трговски партнери и странски инвеститори), цените на металите и енергенсите  идругите фактори од опкружувањето, елиминирање на негативните ефекти од долготрајната политичка криза, оптимистичките погледи на бизнис секторот за периодот кој доаѓа (што го потврди Извештајот на Европската комисија),  позитивните очекувања кај економските субјекти за ефектите од политиките на новата Влада. Меѓутоа она што е поважно турбулентното економско и политичко  опкружување во претходниот период нужно укажа на потребата од детектирање, дефинирање и нудење конкретни решенија за справување со клучните економски предизвици во Македонија. Ова е од исклучително значење доколку сакаме да создадеме солидна основа за сигнификантен одржлив економски раст и развој во иднина“ – вели универзитетскиот професор Борче Треновски.

Погубни или успешни економски политики ...

По објавувањето на показателите за економската 2017 година, од опозициската Вмро-Дпмне оценија дека актуелната влада води погубни економски политики, недомаќиснки го троши Буџетот а не се испорачуваат ветените стапки на економски раст.

“Владата на СДСМ уште еднаш го докажа своето расипничко работење со креираниот долг од 1.5 милијарди евра и реализацијата за месец јануари на само 1 отсто од капиталните инвестиции предвидени за оваа година. Резултат на економските политиките на СДСМ е и падот во градежништвото за 48,6 проценти споредбено со лани. Дека сите економски индикатори се во слободен пад доволен доказ е и бруто домашниот произовод кој минатата година стагнираше на нула проценти и е најлош во регионот. Македонија со оваа влада го допре дното во Европа, односно е единствена земја во Европа која за 2017 година не забележи економски раст. Во државата единствено расте сиромаштијата“ – велат од опозициската партија,

Владините економски политики даваат резултат, се отвораат нови работни места и се  спроведуваат мерки за повисоки плати, возвраќаат од СДСМ.

Невработеноста се намалува, а бројот на вработени лица расте. Според последните официјални податоци, стапката на вработени лица во последното тромесечје од 2017 година е зголемена и изнесува 44.3 отсто, што е повеќе во однос на истиот период од 2016 година кога стапката на вработеност изнесувала 43.5 отсто. Дополнително, во последниот квартал од 2017 стапката на невработност е намалена и изнесувала 21.9 отсто. Тоа е намалување во однос на последните три месеци на 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто.  Ова е уште еден официјален показател којшто докажува дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се успешни и даваат реални и видливи резултати“ – соопштија од владеачката партија.

На истекот сме од првото економско тромесечје од 2018 година. Според првичните проценки на дел од стопанствениците, почетокот на оваа  година е подобар во однос на ланската, но сепак сеуште е присутната политичката неизвесност, главно повразана со спорот за името со Грција, која резултира со натамошна инвестициска воздржаност.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“