„ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ ЗА СЕКОЈ КОЈ ХРАБРО СЕ СПРОТИВСТАВУВА НА РЕЖИМОТ НА ПУТИН“: Германија ќе прими руски дезертери, балтичките земји одбиваат
Објавено во: Свет 22 Септември, 2022
Германската
министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека нејзината земја е
подготвена да прифати руски дезертери под одредени услови.
„По правило, дезертерите на кои им се заканува сериозна репресија добиваат меѓународна заштита во Германија“, изјави Фезер за Frankfurter Allgemeine Sontagskeitung.
Таа додаде дека „секој кој храбро се спротивставува на режимот на Путин и со тоа се става себеси во најголема опасност, може да поднесе барање за азил во Германија поради политички прогон“.
Фезер рече дека Путин испраќа свои војници во убиствена војна против украинското цивилно население.
Практиката на одлучување на Федералната канцеларија за миграција и бегалци веќе е соодветно приспособена. Сепак, давањето азил е одлука од случај до случај, која вклучува безбедносна проверка, објасни Фезер. Таа потсети дека Германија со месеци прима прогонети и заканувани критичари на рускиот режим.
„Во овој брз и небирократски процес, заедно со Федералното Министерство за надворешни работи, веќе овозможивме да бидат примени 438 лица“, рече Фезер.
Балтичките земји нема да дадат азил
Балтичките земји објавија дека оние кои избегале од Русија поради страв од мобилизација нема да добијат азил, јавува Anadolia Agency.
Латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевиќ најави дека руските граѓани нема да добиваат визи од безбедносни причини. И Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас исто така изјави дека одлуката некој да не се пријави во армијата не е доволна причина за право да се бара азил, туку да се даде политички азил на оние кои се прогонувани поради нивните убедувања.
Естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс, исто така, истакна дека „руската инвазија на Украина“ е заедничка одговорност на сите Руси и рече дека приемот на Русите во нивната земја може да биде кршење на санкциите на Европската унија (ЕУ).
По најавата за делумна мобилизација во Русија од страна на рускиот претседател Владимир Путин, имаше знаци дека регрутите бегаат од земјата, а летовите во странство кои сè уште беа достапни беа брзо резервирани.
ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV