Политика: Вучиќ бесен, Србија поради Хрватска повеќе нема да добива евтина руска нафта
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2022
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е бесен поради потегот на Хрватска да го спречи увозот на руска нафта преку Јанаф, што е вклучено во новиот пакет санкции против Русија, пишува српска „Политика“.
Да потсетиме, земјите-членки на Европската унија вчера го изгласаа осмиот пакет санкции против Русија, кој и овојпат е насочен кон ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји надвор од ЕУ.
На инсистирање на Хрватска, на чело со премиерот на таа земја, Андреј Пленковиќ, во тој пакет е вклучена и Србија, бидејќи веќе нема да може да увезува руска нафта преку Јадранскиот нафтовод. Тоа практично значи дека Србија ќе мора да плати скапа нафта поради Хрватска и овој потег.
Новиот пакет санкции, што вчера го изгласаа земјите-членки на Европската унија, вклучува ограничување на цената на нафтата што Русија ја извезува во трети земји, надвор од ЕУ. На инсистирање на Хрватска, осмиот пакет санкции ја опфати и Србија, која нема да може да увезува руска нафта преку Јадранскиот гасовод. JANAF транспортираше нафта од Омишаљ на Крк до рафинериите во Нови Сад и Панчево.
„И покрај тоа што предлогот на Европската комисија предвидуваше исклучок од кој Србија би можела да профитира, а се однесува и на јадранскиот гасовод, Хрватска и уште неколку земји-членки се погрижија дел од предлогот да не помине бидејќи беше заклучено дека за тоа нема никакво оправдување“, пишуваат хрватските медиуми.
Поради ова Србија ќе мора да се сврти кон други начини за снабдување со нафта, што секако ќе влијае на поскапувањето, а тоа значи дека Србија ќе мора да плати и за скапата нафта поради потегот на Хрватска.