ПОЛИТИКО АНАЛИЗИРА: Германското претседателство е клучот, а не еврокомесарот Вархеји за надминување на блокадата меѓу Бугарија и Македонија
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020
„Политико“ во својата анализа за работата на Европската
Комисија во годинава што изминува, наведува дека за да се надмине блокадата
меѓу Македонија и Бугарија клучен фактор е германското претседателство, а не
еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Во наводите, „Политико“ констатира дека Верхеји е премногу попустлив Бугарија, а освен тоа како проблем го наведува и тоа што Европската народна партија (ЕПП) не е доволно остра кон бугарскиот премиер, Бојко Борисов.
Токму затоа, „Политико“ за најлоши моменти во 2020 година што му ги припишува на еврокомесарот Вархеји е токму ветото за Македонија од страна на Бугарија, односно неможноста Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Европската Унија.
-Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Европската Комисија, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина, пишува „Политико“.