19 Април, 2024
0.0956

ПОЛИТИКО ПИШУВА: Зрак надеж има за Македонија

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон  ги отфрли разговорите за членство со Албанија, но се чини дека остави зрак надеж за Северна Македонија, пишува весникот  Политико.

Макрон во средата побара измени во системот за внесување нови членки во Европската Унија, нарекувајќи го „бизарен“, еден ден откако Париз се најде осамен по ова прашање.

На состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург, Франција одби да се почнат преговори за членство со западнобалканските земји Северна Македонија и Албанија. Таа, исто така, го блокираше и краткото соопштение во кое се вели дека ЕУ ќе ѝ се врати на темата по самитот на лидерите во Брисел оваа недела, велат дипломатите.

Иако Париз има неколку сојузници во одбивањето на преговорите со Албанија, владата на Макрон беше осамена во блокирањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија, рекоа дипломатите. Ставот на Франција предизвика гнев кај некои други членки на ЕУ и за ова прашање ќе се расправа на овонеделниот самит, при што германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу оние што ја притискаат Франција да го ублажи својот став.

Критичарите на Франција тврдат дека таа ризикува да ги уназади напорите за стабилизирање на Балканот и да ги зајакне ривалските сили во немирниот регион на јужниот дел на ЕУ. Тие, исто така, тврдеа дека особено Северна Македонија ги исполнила тешките услови поставени од ЕУ, вклучително и решавањето на долготрајниот спор со Грција, и дека непочнувањето преговори со Скопје многу ќе му наштети на кредибилитетот на блокот.

Весникот вчера објави дека Франција ќе се премисли само кога ќе стане јасно што може да добие за возврат.

Премиерот Зоран Заев вчера побара од европските лидери да бидат наши херои, сега и веднаш да дадат датум за преговори, и да не ги гасат ѕвездичките затоа што како што рече во темината може да се изгубиме. Тој спомна дека ако Македонија не добие датум, во земјата ќе има големо разочарување. 

фото Политико

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?