ПОМАЛАТА БИЛА НАСИЛНА, ПА ПОСТАРАТА СЕСТРА ЈА УБИЛА: По монструозното дело таа сама си го одзела животот, се фрлила од високиот мост
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2021
31-годишната
Милица Ж. извршила
самоубиство скокајќи од мостот Виножито
во Нови Сад, откако наводно ја убила својата помлада сестра Јелица. Снимката од надзорната камера го потврдува
чинот.
Како што се дознава од полицијата во Нови Сад, при пребарување на снимките, полицијата ја забележала Милица како се фрла од мостот. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено.
Инаку, телото на нејзината 29-годишна сестра Јелица беше пронајдено вчера во станот на улицата „Шафарикова“ 31, а од брзата помош изјавија дека починала нешто пред 19 часот. Мајката и нивниот брат повикале полиција, а тој изјавил дека не се јавувале неколку дена, односно од 14. февруари, кога последен пат слушнал со нив. Сестрите се со потекло од Владимирац кај Шабац, а живееле заедно во еден стан во Нови Сад. Според некои информации, Јелица имала кривични пријави за семејно насилство и прогон.
FOTO: NEMANJA NIKOLIĆ