ПОМАЛКУ ПЛАСТИКА: Швајцарски гигант вложува 1,8 милијарди евра во рециклажа
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2020
До 2025 година позната светска компанија си постави амбициозна цел.
Да ја намали употребата на нова пластика за третина да основа фонд вреден 250 милиони франци за вложување во стартап компании од секторот на рециклажа.
Да убаво прочитавте.
Швајцарскиот гигант од прехрамнебата индустрија Нестле соопшти дека ќе вложи две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклажа, пренесе Б92.
Парите ќе се искористат за вложување во нови видови еколошки одржливи пакувања како би се исполнила целта до 2025 година сите нејзини пакувања да бидат рециклирани или повторно употребени.
За да се создаде пазар на рециклирана пластика, компанијата ќе собере два милиони тони пластика за пакување на храна и ќе издвои повеќе од 1,5 милијарди франци за плаќање на овој материјал до 2025 година.
Големите корпорации често се изложени на критики поради тоа што профитот
Гигантот меѓу синџирите за брза храна Мекдоналд па во октомври најави дека ќе ја забрза работата на намалување употреба на пластиката во своите ресторани во Европа на минимум.