Помлад обвинител може да седне во фотелјата на новото СЈО
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Според новиот предлог закон за јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција за шеф на оваа обвинителство ќе може да конкурираат и помлади обвинители.
Министерството за правда го објави предлог законот и деталите за новиот закон, во него пишува дека за јавен обвинител на новото Јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку 6 години како јавен обвинител до моментот на пријавување за именување и кој е оценет со позитивна оценка во последните три години. Исто така во предлог законот пишува и дека изборот на овој обвинител ќе го врши Советот на јавните обвинители.
Инаку, премиерот Зоран Заев преку прес-конференција ја извести јавноста за овој нов предлог закон. Фактор пишуваше на таа тема.
Сите детали за новиот предлог законот прочитајте ги овде.