28 Март, 2024
0.3122

ПОМОГНЕТЕ НИ, НЕ МОЖЕМЕ САМИ: Рама со драматичен апел за меѓународна помош

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама ја повикува меѓународната заедница да испрати финансиска и експертска помош за да и помогне на земјата да се опорави од моќниот земјотрес кој ја погоди таа земја во вторникот утрото.

Во овој земјотрес загинаа 52 лица, а илјадници останаа без покрив над главата.

Рама рече дека владата работи на ребаланс на буџетот, но дека ќе биде „човечки невозможно“ да стори сé што е без поддршка на меѓународните партнери, објави АП и ја повика меѓународната заедница да помогне затоа што тие не можат сами да го сторат тоа.

Најтешко погодени области се градот Драч, популарно албанско одморалиште кое се наоѓа на 33 километри западно од Тирана и блискиот северен град Туман.

Градежни инженери од Европската унија и САД, во соработка со локалните, веќе започнаа да ги проценуваат ефектите од земјотресот.

Градоначалничката на Драч си поднесе оставкаГрадоначалничката на Драч, Валбона Сако, поднесе оставка, откако несоодветните изјави предизвикаа бран критики од луѓе погодени од силниот земјотрес во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а многумина останаа без покрив над главата.

Сако вчера изјави дека е „задоволна“ што само 50 луѓе загинале во земјотресот, бидејќи, како што рече, можело да биде многу погубно.

Сако посочи на лошата градба, нарушувањата на градежните закони и корупцијата што се виновни за многу нешта.

Тој избор на зборови предизвика бес во јавноста и луѓето ја обвинија дека е нечувствителна по земјотресот во кој Драч го почуствува најлошиот момент досега.

„Јас сум многу вознемирена од негативните реакции предизвикани од моите последни изјави. Решив да си дадам оставка и да им се заблагодарам на сите што ми веруваа“, рече Сако и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање“, објави албански „Дејли њуз“ на својата веб-страница.

Можеби ќе ве интересира

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ПОЛИЦИЈАТА ГО ОДЗЕМА ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: Лекар објасни колку време детето може да издржи без вода

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор

ШУМАТА Е ПРЕГЛЕДАНА 15 ПАТИ, СЕ ЧЕШЛА И РЕЧНОТО КОРИТО: не запира потрагата по малата Данка од Бор