05 Декември, 2021
0.0298

ПОМОШНИК РЕЖИСЕРОТ НА ФИЛМОТ РЃА ЕДНАШ ВЕЌЕ БИЛ ОТПУШТЕН - причина била инцидент со оружје

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2021

Дејв Холс, помошник-режисер и човекот кој му го предаде пиштолот реквизит на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот Рѓа, претходно бил отпуштен од една филмска продукција, откако член на екипажот бил повреден во инцидент со пиштол.

Холс работел на филмот „Патот на слободата“ во 2019 година како асистент на режисерот, кога за време на снимањето пиштол неочекувано испукал, и, од силината на истрелот, соборил член на тонската екипа и го повредил. Снимањето било прекинато, изјавиле за Си-Ен-Ен од продукциската куќа Rocket Soul Studios.

Членот на тонската екипа бил прегледан од давателот на брзата помош на сетот и му препорачал да побара лекарска помош. Членот на филмската екипа се вратил во продукцијата неколку дена подоцна, рекле од Rocket Soul.

Халс бил отстранет од сетот по инцидентот и отпуштен од филмската продукција, известуваат од компанијата.

„Холс беше отстранет од сетот веднаш по пукањето на пиштолот реквизит. Продукцијата не продолжи со снимањето додека Дејв не го напушти местото. Потоа беше поднесена пријава за инцидентот“, се вели во соопштението.

„По завршувањето на работата тој ден Дејв Холс беше официјално отпуштен со детално објаснување зошто“, велат од компанијата.

„Многу му беше жал за тој инцидент и му беше јасно зошто е отстранет. Продукцијата на филмот заврши без него, а вработените беа новиот оружар и помошник-режисер“, се наведува.

Си-Ен-Ен дошле до членот на тонската екипа кој бил повреден во инцидентот, но тој одбил да коментира. Не успеале, пак, дас пристапат и до самиот Халис, за од него да добијат коментар.

Извор и фото: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИ РЕСТОРАН ЖАРИШТЕ НА КОВИД: Само за една ноќ 120 се позитивни на вирусот, се претпоставува дека половина имаат омикрон сој

ЕВРОПСКИ РЕСТОРАН ЖАРИШТЕ НА КОВИД: Само за една ноќ 120 се позитивни на вирусот, се претпоставува дека половина имаат омикрон сој

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ПОЗНАТ ПО ЦРНИТЕ ПРОГНОЗИ ИЗНЕНАДИ СО ОХРАБРУВАЧКА ИЗЈАВА: Фаучи говореше за Омикрон

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ПОЗНАТ ПО ЦРНИТЕ ПРОГНОЗИ ИЗНЕНАДИ СО ОХРАБРУВАЧКА ИЗЈАВА: Фаучи говореше за Омикрон

ФФП2 И КН95 МАСКИТЕ И ДО 100 ПАТИ ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА: Германските научници изнесоа најнова студија

ФФП2 И КН95 МАСКИТЕ И ДО 100 ПАТИ ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА: Германските научници изнесоа најнова студија

НА СЕСТРАТА И ГО ПРЕСЕКЛЕ ВРАТОТ, РОДИТЕЛИТЕ И ПОМАЛИТЕ БРАЌА БИЛЕ ИЗБОДЕНИ И НАД 40 ПАТИ СО НОЖ: Тинејџерите Роберт и Мајкл Бевер сакале да убијат 500 луѓе, почнале со семејството

НА СЕСТРАТА И ГО ПРЕСЕКЛЕ ВРАТОТ, РОДИТЕЛИТЕ И ПОМАЛИТЕ БРАЌА БИЛЕ ИЗБОДЕНИ И НАД 40 ПАТИ СО НОЖ: Тинејџерите Роберт и Мајкл Бевер сакале да убијат 500 луѓе, почнале со семејството

ОМИКРОН СОДРЖИ ЧЕСТИЧКИ НА НАСТИНКА: Симптомите се поблаги, но едно не е добро, научниците со нови сознанија

ОМИКРОН СОДРЖИ ЧЕСТИЧКИ НА НАСТИНКА: Симптомите се поблаги, но едно не е добро, научниците со нови сознанија

ЗОШТО И ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ВООПШТО ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО ВИРУСОТ: Омикрон повеќе ги напаѓа и оние кои веќе прележале ковид-експертите со детали

ЗОШТО И ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ ВООПШТО ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО ВИРУСОТ: Омикрон повеќе ги напаѓа и оние кои веќе прележале ковид-експертите со детали

70.000 руски војници на границата со Украина: Светот стравува од војна, Бајден и Путин ќе разговараат

70.000 руски војници на границата со Украина: Светот стравува од војна, Бајден и Путин ќе разговараат

КРВАВ ЕГЗОРЦИЗАМ ВО ПАНАМА: Убиле трудница и шест деца за да „истераат духови“

КРВАВ ЕГЗОРЦИЗАМ ВО ПАНАМА: Убиле трудница и шест деца за да „истераат духови“

А КОНТРОЛА? Маж со наполнет пиштол влегол во авион на лет од Барбадос до САД

А КОНТРОЛА? Маж со наполнет пиштол влегол во авион на лет од Барбадос до САД