28 Март, 2024
0.0242

Понуда од Стопанска банка а.д. Битола за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанска банка а.д. Битола како дел од економскиот систем на земјата целосно ја разбира сериозноста на ефектите кои ќе бидат предизвикани од корона – кризата. Во таа насока со цел да се минимизираат  потенцијалните негативни последици од кои ќе бидат засегнати сите наши клиенти, Банката креираше посебна ПОНУДА за промена на договорните услови за кредитни производи на правни и физички лица.

Со  креирањето на оваа понуда за своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола ја изразува својата поддршка за процесот на олеснување на кредитните обврски на клиентите.

Покрај креирањето на оваа понуда, Стопанска банка а.д. Битола ќе ги почитува и насоките на Народната банка и нема да исплаќа дивиденди, односно, остварената добивка во изминатата година Банката ќе ја искористи единствено за обезбедување на поддршка на граѓаните и компаниите.

Понудата за промена на договорните условиза правни лица содржи:

1.  Промена на планот на отплата со можност за вметнување на грејс период до 30.09.2020 година во рамки на истиот период на отплата на кредитот(без промена на иницијалниот краен рок на доспевање на кредитот). 

2.  Промена на планот на отплата за кредити со можност за вметнување на грејс период за отплата на главен долг до 30.09.2020 година во рамки на истиот период на отплата на кредитот. Во периодот до 30.09.2020 клиентот ќе врши плаќање на месечните обврски по основ на камата (без промена на иницијалниот краен рок на доспевање на кредитот). 

3.  Можност за нов план на отплата со грејс период од 6 (шест) месеци со продолжување на иницијалниот краен рок на достасување на кредитот за дополнителни 6 (шест) месеци

4.  За краткорочните и револвинг кредити кои доспеваат во овој период постои можност да се изврши пролонгирање на рокот на користење и рокот на доспевање за дополнителна 1( една ) година.

Понудата за промена на договорните услови за физички лица содржи:

1.  Можност за одлагање на отплатата на изложеностите по основ на кредити за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајно доспевање за дополнителни 6 месеци. 

Целосната ПОНУДА на Стопанска банка а.д. Битола заедно со појаснувањето можете да ја најдете на следниот https://bit.ly/39zJgrl

Погоре наведените поволности важат за сите кредитни изложености на правни и физички лица класифицирани во категории на ризик ,,А“, ,,Б“, и ,,В“ согласно Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик, кои ги имаат помирено доспеаните обврски кон банката со датум 29.02.2020 година

Должникот - правно лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), ја известува писмено или електронски Банката дали ја прифаќа понудата и која од понудените четири опции ја прифаќа, во спротивно се смета дека понудата не е прифатена.

Доколку должникот – физичко лице, во рок од 10 дена од приемот на понудата (објавена на web страната на Банката), не ја извести Банката писмено или електронски дека ја одбива понудата, се смета дека понудата е прифатена.

Сите заинтересирани клиенти можат своите барaња да ги доставуваат на контакт , е-маил:stbbt@stbbt.mk или преку архивата на Банката.


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија