ПОНУДА ЗА ТУРИСТИ: Ако врне дожд ви ги враќаат парите
Објавено во: Свет 17 Мај, 2019
Италијанскиот остров Елба нашол начин да привлече туристи без разлика на временските услови.
Се наоѓа близу до Тоскана, а е трет остров по големина по Сицилија и Сардинија.
Има богата историја која ја опфаќа и приказната за протерувањето на Наполеон.
„Елба без дожд“ е кампања која важи до крајот на мај, и тоа значи дека на сите гости кои ќе дојдат и два дена по ред ќе има дожд, ќе ги добијат парите назад.
Италија имаше нестабилна пролет и ова важи за интересна понуда.
Временската прогноза може да се промаши овде, но туристите со оваа понуда за враќање на пари нема што да изгубат.