27 Септември, 2024
0.0254

ПОПЛАКИТЕ И ЗАБРАНАТА НЕ ГИ СПРЕЧИЈА - Кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ и понатаму работат

Објавено во: Македонија 31 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Иако беше најавено дека ќе бидат затворени, баровите „Интермецо“ и „Мош“ и понатаму функционираат како и вообичаено. 

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски посочува оти наместо како барови тие работеле како дискотеки во густо населени места и било голем проблем со кој се соочувале во Општина Центар. Тој посочи дека во општината пристигнувале многу поплаки од жителите на Капиштец за истите локали за кои неколкупати досега општината изрекла казнени решенија.

- Ние како општина правиме мерење на бучава и изминатиот период истите барови беа казнети со високи казни од 800 000 денари и во наредниот период ќе продолжиме со акциите. Проблемот е малку поголем поради тоа што истите не работат како барови туку како дискотеки во густо населени населби и со самата гужва и фреквенција на автомобили не само гласна музика прави проблеми со паркирање, со хигиена итн. Најголем проблем особено во Капиштец е токму гласната музика и токму овие неколку барови коишто се на тој потег и за истите во наредниот период ќе направиме напор да преку поголем број на акции ги решиме сите овие проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, изјави Герасимовски на Телевизија 24.

Инспекторите на Општина Центар минатата недела во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат направија контроли во кафулињата „Интермецо“ и Мош“. Поради непочитување на работното време во ноќните часови пазарната инспекција изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена.

Герасимовски пред три дена објави дека кафулињата веднаш ќе бидат затворени, односно другиот ден по направените контроли. 

- Решенијата локалите треба да ги добијат во текот на денешниот ден по што веднаш ќе бидат пломбирани - напиша тој на Фејсбук. 

Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?