Поплава има во Требош
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2022
Во селото Требош во Општина Желино денеска имаше поплава.
„Поплавата е од надојдените води од Поројска Река и поплавено е земјоделска површина, патишта, а во 3 куќи има навлезено вода во подрумските простории и истото е пријавено од страна на граѓаните до ЕЛС Желинио. Превземени се мерки од страна на ЈП МИРМБАЈТЈА за да се исчисти коритото на реката и влезот на селото Требош. Известени се РЦУК Тетово, ДЗС Тетово и ПС Групчин“, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Механизација работи на местото каде е пробиено речното корито.