ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ: Се удавија луѓе меѓу кои и деца
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2018
Најмалку четири лица, од кои две се деца, загинаа во поплави во источна Романија. Спасувачите ја пребарале реката и ги извлекле телата на две 58-годишни жени, четиригодишно момче и седумгодишно девојче. Обидите за нивна реанимација завршиле безуспешно. Вест ја објавија денеска романските власти.
Инспекторатот за вонредни состојби истакна дека се работи за две постари жени и нивните внуци кои во моментот на надоаѓањето на водата се наоѓале во запрежно возило.