19 Април, 2024
0.0282

Поповски - Пичуљан: Зголемената транспарентност ја враќа довербата на граѓаните во институциите

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска во Загреб оствари средба со комесарот за информирање на Република Хрватска, Зоран Пичуљан.

Зоран Пичуљан е државен комесар на Република Хрватска за спроведување и остварување на правото на пристап до информации и надзор врз спроведување на законите и воспоставување на меѓународна соработка и соработка со телата на ЕУ. Комесарот за информирање е самостоен и независен, а за својата работа одговара пред Собранието на Р. Хрватска.

Поповски и Пичуљан на средбата разговараа за значењето на отвореноста на владите кон граѓаните и се согласија дека прашањето на транспарентноста ќе биде  едно од клучните прашања на следните избори во Република Северна Македонија во април 2020 година и во Република Хрватска на парламентарните избори на есен, следната година.

Министерот Поповски ги посочи веќе преземените мерки од страна на Владата во делот на активната транспарентност, алатката за отчетност, неодамна усвоената Стратегија за транспарентност на Владата, како и целосната отвореност на буџетот и сите трансакции на државните институции, почнувајќи од 2010 година до денес, кои ќе се ажурираат на секои 15 дена. Министерот нагласи дека сите овие мерки ја враќаат довербата на граѓаните во институциите на државата.

Од страна на комесарот Пичуљан во пресрет на преземање на Хрватска со претседавањето со Советот на Европската Унија (јануари - јуни  2020 година) беше изразена подготвеност за стручна, експертска поддршка и соработка, размена на искуства на полето на правосудството со фокус на делот на отвореноста на институциите, транспарентноста како и правосудниот систем во процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден