Поповски: Иванов е должен да го потпише законот, Уставниот суд има последен збор
Објавено во: Македонија 17 Март, 2018
Доколку законот поминал во трето читање на пленарна седница и доколку тој бил изгласан со најмалку 61 глас, тогаш претседателот на државата е должен да го потпише указот тврди професорот Владо Поповски во емисија на тв21.
„Уставниот суд е тој што конечно ќе реагира. Што значи, не може животот да заврши со инаетењето на претседателот на Република Македонија. Тој е одговорен и во случајот апсолутно го крши уставот“, вели Поповски.