29 Март, 2024
0.0289

Поповски-Прибе: Владата ќе создаде демократски амбиент за независно и достојно работење на новинарите и на медиумите

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникација, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска имаше средба со експертската група предводена од Рајнхарт Прибе.

Господинот Прибе и експертите на неговата група на оваа средба изразија желба да ги слушнат мерките и планот на Владата во врска со медиумските реформи, кои, како што е познато, беа една од точките во првиот извештај на оваа комисија кој беше изготвен по препорака на Европската Комисија и кој имаше за цел да подготви насоки за излез од политичката криза во нашата земја, предизвикана од претходната власт.

Министерот Поповски, заблагодарувајќи се на посетата и на работата на експертската група предводена од господинот Прибе, истакна дека укажувањата од извештајот од 2015 година, беа основата од која тргнаа дебатите и предлозите за реформи во медиумската сфера. Во тој период, СДСМ, како партија што сега ја предводи владата, се залагаше за целосна вклученост на претставниците на медумите и на медиумските експерти од сите граѓански организации чија дејност е медиумската сфера за да се постигне широк консензус за неопходните чекори кои ќе водат кон темелни реформи во оваа област.

Министерот Поповски во елаборацијата на чекорите и мерките што се преземени од периодот од кога започна работата на новата влада, нагласи дека и понатаму е задржан принципот на отвореност за сите добри идеи, како и за вклучување на сите релевантни организации и медиуми, за да се постигне најдобро можно решение за медиумските реформи.

Поповски ги информираше членовите на работната група на Рајнхард Прибе, дека со ребалансот на буџетот се обезбедија услови за укинување на радиодифузната такса, како прва мерка за поефикасно финансирање на Македонската радиотелевизија. Додека е во процес усвојувањето на ребалансот на буџетот во Собранието на Република Македонија, во тек е анализата за најдобро решение за утврдување на висината на стапката од буџетот со која ќе се обезбеди функционално работење на МРТ, како и независноста на јавното радиодифузно претпријатие.

Подготовката на овие измени се однесува и на работењето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ), која е исто така во високите приоритети на медиумската реформа. МРТ и АВМУ се медиумските институции, за кои владата ќе создаде услови тие да се препознаваат и да функционираат како независни и непартизирани, укажа министерот Поповски.

Слободата на медиумите и независноста во работењето на новинарите беше прашање од особен интерес на денешната средба. Министерот Поповски ги увери членовите на работната група на Прибе дека оваа владина гарнитура целата своја енергија ќе ја усмери на обезбедување услови новинарите во целост да ги остваруваат нивните професионални задачи согласно принципите на Кодексот на новинарите и согласно начелата на саморегулацијата во медиуската сфера. 

Поповски ги информираше гостите дека последните отворени консултации и јавна дебата уште еднаш потврдија дека решенијата треба да се бараат во создавање на услови за функционално работење на приватните радиодифузни компании без интервенции на пазарот од страна на владата, како што беше тоа пракса во претходниот период.

На укажувањето на господинот Прибе дека многу често проблемите не се во законите, туку во политичката волја за нивно имплементирање, министерот Поповски нагласи дека Владата на Република Македонија е целосно подготвена да создаде демократски амбиент кој на новинарите и на медиумите ќе им обезбеди услови за независно и достојно извршување на нивната професија. 

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор